Од саботата (11.февруари) како што беше од претходно најавени и излгасано во советот на општина Кочани, започна во централното градско подрачје да се вози по нов сообраќаен режим.
Со преуредувањето на нови три улици во центарот на Кочани само во еден смер, речиси и да не остана улица во центарот од овој град во Источна Македонија која не е едносмерна.
Причините за правење на улиците во еден смер се добивање на паркинг места кои се дефицитарни, што кај граѓаните наиде на голем револт. Голем дел за да стигнат дома ќе мора да вртат пола град, што ќе ги чини дополнителни трошоци, а револт има и кај сопствениците на трговските објекит со оглед на тоа што сега е ограничен и посложен пристапот до нивните локали.