13.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Веднаш по излегувањето од домот на Камчев, Боки 13 вртел на еден човек – „А1он“ открива кој

„А1он“ ја проширува снимката која се појави во италијанскиот весник, па од порталот пишуваат дека веднаш откако заминал од домот на Камчев, Боки 13 се јавил на човек во МВР и го прашал дали бил следен. Засега не е познато кој одговорал на повиците.

Воедно, од „А1он“ откриваат и дека на снимката на која се гледа како се бројат пари, всушност ги брои сметководителката на Орце Камчев.

„Е Боки и спецификација сум ви направил“, му рекол Камчев на Боки 13, на што тој му рекол: „Мислев во ќеса ќе ми ги дадеш“, а веднаш Орце додал: „Не личи Боки тебе во кеса да ти ги давам“.

Чантата во која се парите е од „Луј Витон“ и истата е вредна околу 5.000 евра.

Целиот текст прочитајте го на А1он.мк

поврзани објави

Последни објави