13.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Кој поранешен претседател имал средби со Гејзер – новинарот кој го објави видеото

Ларис Гејзер, новинарот што го објави видеото со Орце Камчев, е и политички активист и познаник на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Иванов беше чест гостин на конференциите и состаноците на таканаречената Паневропска унија (составена главно од преставници на конзервативните партии во Европа), а на една таква средба во Австрија, што ја организирал Гејзер, направиле и заедничка фотографија. Инаку, Гејзер е Словенец од Италија и го предводел Паневропското движење на Словенија.

Целата ова ситуација добива сосема друг правец – ВМРО-ДПМНЕ бара избори, за СДСМ сево ова е однапред подготвено сценарио

За ВМРО ДПМНЕ видеото е доказ е дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева била институционален извршител на милионскиот рекет, а СДСМ – Ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечиј спас од истата.

ДСМ велат објавата на видеото е сценарио кое нема да успее, бараат Мицкоски да одговори за средбите со дел од осомничените.

Генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев побара одговорност од Владата, но и од обвинителката Вилма Русковска.

Владејачката партија повикува на забрзување на истрагата и откривање на сите инволвирани во „Рекет“, како и оние што го поттикнале и смислиле.

Костадинов вели никој во овој случај не е заштитен и нема да биде поштеден и ги охрабруваат надлежните институции да ги расчистат сите околности околу случајот.

Со реакција и Алијанса за Албанците. За партијата на Зијадин Села решение е во назначување обвинител од Европската Унија.

поврзани објави

Последни објави