Голем шумски пожар доцна попладнево избувна на падините на Осоговските планини во близина на селото Лешки, а поради густиот чад и високите пламени јазици за сообраќај е затворен и регионалниот пат од Кочани кон туристичкиот центар на Пониква.
Огнот бил забележан околу 16 часот над селото Бели и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири на поголема површина нискостеблеста шума, а веќе зафати и борова шума на околу петнаесетина хектари.
На подрачјето се оштетени и овошни насади и повеќе пчелни сандаци, а постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина.
Како што инфомираа од навивачката група „СЕЈМЕНИ“ инаку поддржувачи на фудбалскиот клуб Осогово од овој град, тие се на лице место, каде во моментот има една цистерна на комуналното претпријатие „Водовод“, додека противпожарните возила заминале уште во 21 часот. Пожарот веќе се движи кон селото Бели и Брана Гратче.
Навивачите сами се понудиле до ТПП Кочани за волонтери како помош во гаснењето на пожарот, од каде добиле одоговор дека ќе бидат контактирани доколку има потреба.
ВО ЖИВО: Веќе неколку часа наши членови се на лице место каде што помагаат во справување со огнената стихија.„Во…
Posted by СЕЈМЕНИ on Thursday, August 8, 2019