13.8 C
Skopje
Wednesday, April 23, 2025

„Ла верита“ со две нови ВИДЕА: Се слушна и гласот на Јанева – Боки 13 нуди повеќе опции

Под наслов „Случајот ја тресе владата во Скопје“, изутринава на страниците на италијанскиот весник, „Ла верита“ (вистина) објавен е нов материјал во врска со случајот „Рекет“.

На една од снимките се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели во еден дел Јанева на бизнисменот Орце Камчев. Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба „Луј Витон“ и дека не оди да му дава него пари во Адидас торба.

Објавена е и аудио снимка од целиот разговор меѓу бизнисменот Орце Камчев и Бојан Јовановски.

Првин, двајцата разговараат како се пакувани парите и во каква торба се ставени, а потоа Камчев го прашува Боки 13 дали во играта со нив е влезена и обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот на СЈО „Империја“, во кој тој е првоосомничен и за кој е во куќен притвор. Но, според разговорот од снимката, не добива потврден одговор од Боки 13.

Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.

Боки 13: Кога било тоа.

Орце Камчев: Пред влезам.

Боки 13: Не знам за претходно.

Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае (се прекинува снимката од разговорот)

поврзани објави

Последни објави