13.8 C
Skopje
Wednesday, April 23, 2025

Новинарот од Италија кој ги објави снимките за „Рекет“ е „нападнат“ од Македонци на Фејсбук

Откако во четврток ја објави првата снимка за тоа како Боки 13 зема пари од Орце Камчев, италијанскиот новинар Ларис Гајсер од весникот „Ла Верита“ се соочи со голем проблем.

Како што информираше самиот Гајсер, тој бил „нападнат“ од понуди за пријателство на Фејсбук, од Македонци кои сакале да бидат негови пријатели.

Сепак, поради лимитот од 5.000 пријатели, тој не успева да ги прифати сите. Поради што некои од луѓето ќе мора да почекаат додека не го направи својот профил во јавен.

„Драги пријатели Ви благодарам за големиот број барања за пријателство. За жал имам квота од 5.000 и не можам сите да ги прифатам. Дајте ми неколку дена да се реорганизирам на Фејбук. Ви благодарам за разбирањето“, пишува Гејсер.

поврзани објави

Последни објави