Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави нова снимка на која покрај Боки 13, Зоран Милески Кичеец и бизнисменот Орце Камчев, се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Еден од аудиозаписите што ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзани со случајот „Рекет“, открива како првосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 му вели на бизнисменот Орце Камчев дека не успева да ја добие специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на телефон, бидејќи, како што вели, пукала.
И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби се уште пука – му вели Боки 13 на Камчев, по што се развива разговорот дека сите обвинителе еднаш неделно стрелаат со огнено оружје на стрелиштето Камник.
Инаку, другите разговори покажуваат како Камчев и Јовановски, во присуство на второосомничениот Зоран Милески – Кичеец, се договараат за исплата на пари, а Јанева во еден разговор му вели на Камчев: „Не се секирај, се ќе биде ОК“.
На крајот на 12 минутната снимка која беше утрово објавена се слуша како Боки 13 му кажува на Камчев дека има поздрав од „жената“, а потоа и го дава телефонот на Катица Јанева која го уверува Орце Камчев дека „Не се секирај, се ќе биде океј“, на што Камчев одговара „Океј, океј, нема проблем“.
Линкот од разговорот можете да го слушнете ОВДЕ