1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Бугарска пејачка во фустан со сонцето од Кутлеш пееше наши патриотски песни (ВИДЕО)

На вчерашниот масовен народен собир во Куманово, во местото Старо Нагоричане се случи нешто неочекувано, и истото наиде на радост кај македонците.

Имено, се појави бугарска пејачка која всушност потекнува од Пиринска Македонија, а нејзиниот стајлинг ги изненади гостите.

Таа на себе имаше облечено фустан во боите на сонцето од Виргина, односно Кутлеш.

Во еден момент го зема микрофонот и настана огромна еуфорија кога започна да пее низа наши патриотски песни, па ги крена на нозе присутните.

За миг таа ги собра симпатиите на насобраната маса народ, меѓу кој, поголемиот број беа родољуби и луѓе кои вистински ја сакаат Македонија.

„Вардаре, Пирин кај ти е“, „Едно име имаме“, „Ја, излези Ѓурѓо“, „Послушајте патриоти“ се само дел од песните кои се најдоа на нејзиниот репертоар, а кои во еден глас ги пееја сите кои што беа затекнати од оваа прекрасна глетка.

Погледнете дел од атмосферата:

Извор: Дневно

поврзани објави

Последни објави