Снимката објавена од италијанскиот весник Ла Верита, на која наводно бизнисменот Орце Камчев му дава еден милион евра на Бојан Јовановски, предизвика многу внимание во Македонија и бројни реакции.
Една од нив и на скопскиот адвокат Саша Андоновски, кој ги аназирал деталите од снимката.
Тој на неговиот ФБ профил, напиша: Однапред да кажам: НИКОГО НЕ БРАНАМ, НИТУ НАПАЃАМ.
Само констатирам од она што можам ДА ГО ВИДАМ со свои очи на видео-снимката:
1. Не се гледа лик на ниту еден заедно со парите; 2. Торбата во која се банкнотите по 50 Еура не одговара на торбите со кои Боки 13 и Кичеец ја напуштаат куќата; 3. Дека се работи за 1.000.000 Еура се гледа само од списокот напишан на рака (да се пронајде и да се вештачи ракописот) 4. Говорниот дел на снимката не може да се поврзи со моментот на броење на парите, бидејќи нема видео запис од говорот, туку само аудио (значи може да е снимено во друг момент, а не во критичниот
5. Во говорниот дел од снимката не се спомнуваат пари, туку само (многу неуко и нестручно објаснет) моментот на „ослободување“ 6. Не сваќам од што ќе ги „ослободи“ Катица, кога веќе „ги ослободи“ Врховен суд 7. Од кога тоа обвинител ослободува?? – НЕШТО СМРДИ ВО ЦЕЛАВА РАБОТА“-пишува Андоновски.