25.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Крај на молкот од ЕУ, прв се јави Хан за случувањата со „Рекет“ – упати директна порака

Откако германската политичарка и претседателка на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија, Дорис Пак запраша каде се европските бирократи во врска со случајот „Рекет“, Јоханес Хан, Комесарот за проширување на ЕУ, испраќа „блага“ порака на твитер.

-Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања.

-Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан.

Ла Верита: Случајот поткуп во Македонија потегнат и од ЕНП – „Могерини, кажи нешто“

Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајзер, утрово излезе со видео колумна за македонскиот случај Рекет. Ви ја пренесуваме во целост:

Објавата на Ла Верита од минатите денови по однос на аудио и видео материјалот за активностите околу рекетирањата што се случиле во изминатите години во Македонија, со знаење на канцеларијата на специјалната обвинителка предводена од Катица Јанева, се претвори во вистински политички и социјален земјотрес. Нашата редакција, како и долупотпишаниот, беше преплавена на дневна база, од илјадници пораки за поддршка и благодарност.

-Скоро и да немаше критики и закани што вообичаено ги има во вакви случаеви. На сајтот, на тема за надворешна политика, високо надминавме над милион контакти. Можеме да кажеме дека Ла Верита на македонската популација и направи услуга од јавен карактер, размрдувајќи некои стагнирачки ситуации и враќајќи му ја довербата на еден народ сведен на константна изолација на којашто ЕУ изгледа дека го осудила со цел да го оствари планот за ограничување на суверенитетот на земјата. Македонците се еден горд народ, разочаран од корупцијата, и патат уште повеќе кога ситуацијата, дури и само индиректно, е поддржана од ЕУ.

поврзани објави

Последни објави