25.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Како изгледа летување на еден Балканец: Собереш пари за одмор и таму печеш пиперки

Во денешно време летувањето стана неизбежно, па дури и они кои не се во можност, наоѓаат начин да си го дозволат тој луксуз и да заминат на одмор.

-Немам деца и не сум водила ничие дете на море. Така што ако сте од оние „кога ќе имаш свои деца, ќе можеш да зборуваш“, не морате да го читате овој текст. Како што реков, немам деца, но некогаш бев дете. А на море често одев со мама и подоцна со помладата сестра.

Во моето детство често одевме на црногорското приморје во некој приватен смештај, секако со заедничка кујна. Се сеќавам добро, многу мајки тогаш готвеа. Татковците се тука негде, зафатени со „машка работа“, а жените готвеа, некоја супа или некој друг вид лесна храна.

Тоа „готвење на брзина“ никогаш не траеше помалку од саат, а често беше и повеќе. И веќе станува јасно дека тие жени овде не се на одмор. Тие само ја вршат својата обврска во друг амбиент. Се уште се сеќавам на тие слики, како им тече пот додека готват.

Но, ќе ви кажам и на што не се сеќавам. Не се сеќавам што јадев на море. Можеби и затоа што не сум љубител на храната. Знам дека имаше мал син фрижидер, се правеше некој сендвич или јадевме некое парче пица на плажа.

И за чудо, ништо не ми беше. Се сеќавам на мојата мајка која беше опуштена, одморена барем тие 10 денови, се сеќавам дека уживавме во мирисот на морето, дека на плажа бев среќно и слободно дете без моментални нервози, а хранате се решаваше некако во движење (не јадевме во скапи ресторани).

Кога немаше пари на море воопшто не одевме. Е сега од извор како Фејсбук дознавам дека вистинска мајка нема да си дозволи таков комфорт и всушност да одмори на море. Или „all Inclusive“ или готвиш секој ден. Две опции. Или имаш пари за „all Inclusive“ во некој хотел или готвиш секој ден.

Ако е поинаку, ќе излезе дека не се грижиш доволно за своите деца. Замрзнато јадење од дома воопшто не се смета. Планот за готвење на море мора да има, затоа што ја покажува и пожртвуваноста на мајката.

Задолжително запишете што готвела вашата мајка во претходните 5 години на море. И тоа со коментар: „Јас гледам да зготвам нешто за брзо, еден ден полнети пиперки, друг ден грав и ете веќе четири денови имаме што да јадеме“.

поврзани објави

Последни објави