25.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Ќе дополните ли нешто: Басна за лисицата „Оки“, свињата „Гица“ и мечето „Моки 13“

После долги години лапање кокошки од кокошарникот, “Лисицата Оки” заедно со другите грабливи животни влегле во опасност, бидејки се отворил шумски трибунал пред кој што требало да се соочат за сите грабежи и кражби во шумата. За шеф на трибуналот, шумарот ја поставил дивата свиња “Гица”.

На Гица и бил доделен сериозен тим со кој што требало да ги документираат сите пљачки и животинската банда, конечно да одговара пред судот. Настанала таква еуфорија кај чесните жители на шумата, па од Гица направиле идол!

Во ваквата ситуација на загрозеност, Советот на шумската банда донел одлука дека мора да се девалвира институцијата на Гица, за да избегнат одговорност.
Направиле план и почнале да дејствуваат по следниот редослед:

1. Го нашле дебелото искомплексирано мече Моки 13, желно за слава, па му понудиле да направат ѕвезда од него. Му дале 100.000 евра да го смени имиџот, за од дебело мече да се претвори во згоден аристократски медвед.

Потоа му помогнале со дополнителни 500.000 евра да отвори телевизија, а за простории на телевизијата му дале поклон простории од “кечап продукција” која што била под нивна контрола.

Задача на мечето Моки 13 му била да се однесува аристократски, да живее на висока нога, со цел дружбата со него да биде престиж. Во ваквата операција, мечето Моки 13, морало да ги промовира активностите на своето кобајаги хуманитарно здружение, како маска да дојде до контакти со функционери од новата власт во шумата, кои наивно дозволувале да се сликаат со него. Со ова била комплетирана акцијата – создавање лажна слика дека Моки 13 е близок човек на новата власт.

2. Вториот дел од операцијата бил вработување на синчето на Гица (со име Глупанко) во телевизијата на Моки, со цел да се вовлече Гица во играта. Лакомата Гица, гладна и жедна, донесена од една периферна шумичка, наседнала на штосот и станала блиска пријателка со мечето Моки 13.

3. Моки 13 и предложил план на Гица, дека осомничените животни можат да и исплатат вкусни круши да јаде до крајот на животот, а дека ќе останат круши и за паравнуци. Гица се согласила. Така и почнала играта со снимање на договорениот серијал.

4. Моки 13, под наредба на газдите и “шефовите” од животинската банда, започнуваат со организирање и снимање на Операција Рекет.
Лисицата Оки, глуми жртва, плаќа рекети, а сето тоа го снима, дури пред очи на мечето Моки 13, затоа што во еден од кадрите каде што се бројат пари, се гледа дека се снима од блиску и кадарот се доближува од агол кој што не е од поголема висина од 1.3 метри, а тоа е многу различен агол од останатите камери. Доказ дека Моки 13 знаел за снимањето.

5. Овој случај Лисицата Оки го пријавува и наеднаш станува “жртва”. Мечето Моки 13 влегува во притвор кој што е договорен, и знае дека за една година ќе излезе.

6. Од овој момент Лисицата Оки станува жртва и сведок, па се помалце се збори за направената пљачка од него, бандата и неговите пајташи, на кои што главен шеф им е сакатиот и ментално пореметен волк Гмујо.

7. Бандата договорена и искоординирана, почнува политичка хајка против власта, каде што главен аргумент вади преку направените фотографии од времето на Моки 13, кога глумеше хуманитарец. Ја лажат јавноста за некаква вмешаност на власта, а со тоа создаваат немир и нервоза кај граѓаните. Целта е да ги разочараат од власта, за да отворат пат да се врати официјално целата осомничена банда на власт, на чело со пребеганиот ВОЛК Гмујо во Будимпешта.

8. Летните одмори бандата ги користи за да направи хаос, па додека судиите и обвинителите не се на работа, бандата ги пушта снимките кои се плод на сценарио и договор.
Со ваквиот чин создаваат дополнителни немир и разочараност кај граѓаните, на Гица и даваат можност да остане во Грција и да си бара азил, а на Моки му помагаат во одбраната од постапката, преку фактот дека таквите снимки нема да можат да се користат на Суд против него.

Криминалта серија и понатаму продолжува.

Останува да се види дали свињата Гица ќе се врати воопшто или ќе се потврди сценариото.

Останува да се види што ќе се случи со предметите кои што се водат од обвинителството на Гица, и што понатаму со судбината на професионалните и чесни припадници на таа институција.

Наравоучение: Една алчна дива свиња може да го изеде целиот измет од голема банда животни, залажана со неколку килограми миризливи вкусни круши. Aвтор на басната СОКОЛЧЕТО

Фејсбук статус на Катарина Бабулова.

МАКЕДОНСКА МОДЕРНА БАСНАПосле долги години лапање кокошки од кокошарникот, "Лисицата Оки" заедно со другите грабливи…

Posted by Katarina Babulova on Friday, August 9, 2019

поврзани објави

Последни објави