7.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Тимоние: Важно е да преовладува мир и да нема конфронтации!

Амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоније денеска одржа средба со градоначалникот на општина Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта.

Тој нагласи дека ја поддржува  Република Македонија, како и сите процеси во развојот на демократијата и пристапување во Европската унија”.

На средбата се разговарало за политичката криза во земјава и истакнале дека е неопходно што посокоро формирање влада.

„Државата не е во состојба на криза, но ние како амбасада, сепак сме на став дека не треба да се губи време при формирањето влада. Посакуваме вашата земја да биде стабилна и да напредува во правец на воспоставување на демократски вредности и дека ќе стане држава на граѓаните. Важно е да преовладува мир и да нема конфронтации, бидејќи во спротивно сите би изгубиле“, изјави амбасадорот Тимоние.

Амбасадорот и градоначалникот Бејта разговарале и ги размениле своите ставови и за актуелната состојба на локално ниво и спроведените проекти во изминатиот период.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави