Новинарот Бранко Героски моментално се наоѓа пред владата на Република Северна Македонија каде дава изјава за телевизија Алфа за денешниот прес на премиерот Заев каде што тој рече дека нема да дозволи суетен новинар, неколку криминалци и еден педер да ги симнат од власт.
Јас бев еден од најнапаѓаните новинари за време на режимот на Никола Груевски. Тоа не беше добра власт. Но, срамота е да се дава една ваква изјава од премиерот Заев. Ова е лудачка изјава, срамна изјава.
Трагичното е што јас сум критички новинар, мислам дека мојата мисија како слободен новинар е да го критикувам она што сметам дека не е добро. Ја земам слободата која ми припаѓа според Европската конвенција за човекови права. Што е трагичното? Што сега сме повозрасни за 20 години, мора да бидем толерантни. После се што се случи, после вадење на сиот валкан веш, премиерот нарекува криминалци се уште неосудени луѓе, нарекува човек „педер“, нешто што јас никогаш не би си го дозволил и покрај тоа што пишував јавно за случајот „Рекет“.
Изјавата на премиерот за Героски е како што вели, под секое ниво, а истиот смета дека премиерот не може да кажува карактерни особини за тоа дали некој е суетен или „педер“.
Героски го коментираше и критикуваше и обраќањето на новинарот Саше Ивановски кој вели: Педери издржете го до крај машки овој напад на премиерот.