7.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА ВО КАЛИФОРНИЈА: Наредба за евакуирање на 200.000 жители, поради страв од попуштање на најголемата брана во САД (ФОТО/ВИДЕО)

Околу 200.000 луѓе кои живеат околу најголемата брана во САД добија наредба за евакуација, поради страв од пукање на браната. Ова е прв пат браната на езерото Оровил да се соочи со вакви проблеми во нејзините 50 години постоење.

Калифорниските власти најавија дека од браната се испуштаат околу 2830 метри кубни вода во секунда, со цел да го намалат нивото на вода.

Синоќа во доцните часови, шерифот на оваа област Кори Хонеа на социјалните мрежи најави дека во сила се спроведува евакуацијата на жителите, нагласувајќи „Ова НЕ Е вежба“.

Нивото на водата во петокот беше поламку од два метри од врвот на браната, а тоа се случи поради обилните врнежи од дожд и снег кои следуваа после неколку години тешка суша во Калифорнија.

Браната е висока 230 метри, а е изградена во периодот од 1962 до 1968 година и е најголемата брана во САД. Најблизок град до браната е Сан Франциско, оддалечен 240 километри.

https://youtu.be/deoba_CQgt4

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави