-2.2 C
Skopje
Saturday, November 9, 2024

Пишев: Доставуваме докази за криминалот при доделувањето на тендери за гасификација на Струмица

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес конференција пред Основното Јавно Обвинителство во Скопје, на која соопшти дека доставува докази до обвинителството за криминал при доделувањето на тендери за гасификација на Струмица.

Зоран Заев и неговите соработници мора да одговараат за криминалот што го направиле.

Целата јавност беше информирана за скандалозно-криминалните тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“ кои Зоран Заев му ги даваше на неговиот сопартиец, Претседател на партиската комисија за енергетика Митко Андреевски.

Вака СДСМ подразбира транспарентна тендерска постапка. Секоја јавна набавка да завршува во нивните партиски џебови. Затоа Струмица нема гас и затоа струмичани плаќаат астрономски цени за гасот.

Денес сме тука за да ги доставиме доказите за овој криминал до надлежното јавно обвинителство.

Со криминалот поврзан со гасот во Струмица на јавното претпријатие само со последниот тендер од 2016-та година му е направена штета од 700.000 евра. Ова се пари на струмичани, пари на сите нас кои завршиле во џебовите на сопартијците на Заев.

Како што може да се види од целокупната документација која ја доставуваме до јавното обвинителство, фирмата СИ ЕН ЏИ СИСТЕМС од Скопје не ги исполнува условите за учество и за добивање на тендерот за гас на јавното претпријатие Струмица Гас.

Единствениот услов што го исполнува фирмата СИ ЕН ЏИ СИСТЕМС е тоа што нејзиниот сопственик Митко Андреевски е претседател на партиската комисија за енергетика на СДСМ и близок пријател на Зоран Заев.

Јавноста знае дека тоа е човек фирма, без никаков имот, регистрирана на адреса на домот на родителите на неговата сопруга во Драчево.

Аргументите на Митко Андреевски дека неговата фирма соработувала со извесна фирма Галилео СА е уште еден доказ последниот тендер на Струмица гас е незаконски. Овој економски оператор не е регистриран во Електронскиот систем за јавни набавки.

На криминалите, матните зделки и коруптивните тендери на Зоран Заев и струмичката власт мора да им се стави крај. Очекуваме надлежното јавно обвинителство во најкус можен рок да ја разгледа пријавата и да покрене постапка против одговорните.

Секој што крадел мора да одговара“ рече Пишев на прес-конференцијата.

поврзани објави

Последни објави