Сакаат да го вовлечат Мицко во оваа рашомонијада, дека Зоки Кичеец му дал на Мицко пари. Вака одговори на новинарско прашање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција.
– Со понуда за милост да даде ваков исказ. Дајте доказ дека тоа се случило и јас доброволно во затвор ќе се пријавам – рече Мицкоски.
Светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее народот, вели Мицкоски додавајќи дека народот е заробеник на криминалот на Заев.
Додава дека народот знае дека ништо нема да се промени и народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори.
– ВМРО започна со рушење на неодговорната власт, не се исклучени протести и демократски алатки како отпор за „октопод-куфер” Владата, вели тој додавајќи дека одговорност мора да има.
Секој кој се огрешил на законот и тие кои злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде Македонија да се сокријат, порача Мицкоски.