Го слушам оној Страшо Олумчев, едниот од лидерите на Македонија Бојкотира, и ми се крева косата на главата.
Си велам, леле мајко ако се најде една будала од земјава некој богат бизнисмен да им даде на овие лудаци 1 милион евра, леле леле каде ли ќе ни биде крајот, во кој ли котел од пеколот има да се вариме на суво без зејтин во тефлон котел…
Го слушам како лупа дека он ќе ги ослободувал окупираните територии?!?! Демек Пиринска и Егејска ќе ги ослободувал?!?! Сега во 2019-та кога паѓаат границите на цела Европа?!?!
Па кога ќе ми текне како Јанко Бачев пред еден месец им се закануваше на Албанците, да научеле да пливаат ќе ги бркал од балканскиот полуостров?!?!
Леле леле која е ова политичка багра мајко мила, што ли ќе беше со земјава само ако еден бизнисмен решеше да им даде на овие лудаци 1 милион евра, само толку, за да купат сендвичи, знамиња, бини, автобуси да платат и да почнат десетина големи митинзи во Скопје, толку од државата…
Затоа сакам да им се заблагодарам на македонските бизнисмени за својата зрелост досега што се воздржаа од таква активност, а верувам дека многумина од нив се со десничарски радикални убедувања, но сепак од икс причини решиле да не помагаат вакви радикални десничарски движења и политички партии, тоа ќе значеше крвава граѓанска војна, крв до колена, уништувања и очај и хаос какви што сега гледаме во Сирија…
Тоа не му го посакувам на никого да го доживее, мораме да се пазиме од тоа зло, добро е што имаме бизнис заедница која сепак си ја сака државата!
Статус на новинарот Саше Ивановски од порталот Мактел.