21.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Најтажната куќа на светот: Сите што излегуваат од неа плачат

Во некои држави вообичаена пракса е да се организираа пазар за недвижен имот, да се организираат и денови на отворени врати од куќи, кои се на продажба. Заинтересираните купувачи имаат можност да поминат во цела куќа и потоа да одлучат дали истата ќе ја купат.

Една од многуте такви куќи се наоѓа во Канада. Најавена е продажба и на сите заинтересирани за купување им е овозможено да влезат во неа. При самиот влез во куќата, купувачите ги чека голем шок. Една невладина организација ја направила куќата во вистински музеј на сиромасите. И тоа со многу важна цел.

Ништо од надворешната страна не прикажува каква тајна крие внатрешноста. Организацијата која стои зад овој процес сакала да прикаже на сиромаштијата која е на сите страни околу нас. На луѓето кои се на раб од сиромаштија и минуваат кон разни искушенија како би се прехраниле себе и својата фамилија.

Внатрешноста на куќата е преуредена како би ја прикажала бедата во која живеат повеќе од 300.000 Канаѓани, кои живеат под граница на нормалата. Стар мебел, пукнати ѕидови, една кутија житарки. Сиромаштија која тврди дека секое седмо дете оди на училиште гладно.

Оваа иницијатива е со цел да ја крене свеста кај луѓето што значи сиромаштија, но воедно и да ги поттикне сите оние кои имаат да донираат за борба против оваа појава.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави