7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ларис Гајзер испраќа порака до Македонците: Бидете внимателни, наредната приказна ќе предизвика вистински земјотрес

„Се работи за класична стапица со која македонските власти се обидуваат полесно да дојдат до имињата на нејзините противници, на луѓето од опозицијата. Се работи за неколку лажни профили преку кои македонскиот премиер Зоран Заев сака полесно да дојде до некаква листа со имиња.

Ги замолувам сите Македонци да бидат внимателни затоа што мојот вистински профил веќе има 5.000 пријатели, па не можам да примам нови пријатели. Хакери отвориле лажни профили и сега други хакери ги хакираат лажните профили. Интересна приказна“, вели Гајзер и уште еднаш додаде дека неговата наредна приказна за случајот „Рекет“ ќе предизвика вистински земјотрес.

„Јас сум спремен. Сега сѐ зависи од сведоците. Чекам да ми кажат дека се сигирни, дека се безбедни и дека можам да објавам“, вели Гајзер во изјава за порталот МКД.мк

Извор: МКД (целата содржина ОВДЕ)

Повеќе вести: 500 родители ќе платат казна зошто не ги вакцинирале децата

Само годинава 500-тини родители треба да платат казни зошто не ги вакцинирале децата. На сите Државниот санитарен и здравствен инспекторат им поднел прекршочни пријави, пренесува Сител.

Од ДСЗИ велат дека бројката на невакцинирани била поголема, но дел дошле на порамнување и платиле половина од сумата, а други пак приложиле документ дека детето во меѓувреме било вакцинирано или пак здравствената состојба не дозволувала да примаат вакцина.

Фото

ДСЗИ чека конечна одлука од здравство и образование што ќе се случува со невакцинираните деца дали ќе останат дома или ќе седнат во училишните клупи.

Доколку се одлучи без уреден картон првооделенците да не се запишуваат во училиште здравствените инспектори ќе вршат контрола.

поврзани објави

Последни објави