16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Колев до директорката на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид: Ако сте уште директор зачленете се во ДПМНЕ

Слушнав во Охрид имало директорка на ЈП „Билјанини Извори“, на која идол и била Гордана Јанкулоска. Сакала за време на избори да „влече за уши“ вработени во претпријатието. Гордана Јованоска, уште ли сте директор?! Ако сте уште директор, зачленете се во ДПМНЕ и побарајте го менторот во Будимпешта, тие имаат таква ментална матрица!

Ваков фејсбук статус напиша претседателот на ГДУ, откако порталот „Трибуна“ објави фото докази за комуникација меѓу директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска и веќе избркан вработен од Јавното Претпријатие.

Според изворот на порталот „Трибуна“ човекот кој разговарал со директорката е избркан од работа бидејќи неговата жена не гласала за време на локалните избори во Охрид.

Дали тоа е вистина и ако е уште колку такви пораки се испратени на вработени во јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори, прашува порталот „Трибуна“ кој претходно објави фото докази за кои како што рече се надеваат дека не се монтажа.

Слушнав во Охрид имало директорка на ЈП „Билјанини Извори“, на која идол и била Гордана Јанкулоска. Сакала за време на…

Posted by Petar Kolev on Friday, August 16, 2019

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави