fbpx
7.8 C
Skopje

Докторите и рекле дека ќе живее уште 5 години: Изгубила 240кг и денес изгледа вака (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Кристина Филипс е девојка која има само 25 години, а веќе доживеала неверојатна трансформација. Гледајќи ја нејзината борба, мора да се признае дека е вистински херој, откако изгубила неверојатни 240 килограми.

Нејзината битка и почеток за лична трансформација е неверојатна. Во продолжение прочитајте како таа успеала од 320 килограми да намали неверојатни 240 килограми.

Нејзината приказна е објавена во документарна емисија „My 600lb Life: Where Are They Now“, а борбата со килограмите започнала во 2014. година кога лекарите и рекле дека има уште 5 години живот.

Во тој момент Кристина имала 320 килограми и животот и бил загрозен до таа мера, што лекарите и рекле дека итно мора да направи операција на желудникот.

Покрај операцијата, која била најзначаен дел од нејзината борба против вишокот килогрмаи, Кристина започнала и посебен режим на исхрана кој значел и внесување на само 400 калории на ден.

По губењето на килограмите, имала уште една операција со која успешно и е исечен вишокот кожа од телото.

-Изгубив многу килограми во последните години. Неодамна малку килограми ми се вратија, веднаш кренав паника и неколку денови не јадев ништо. Да бидам искрена, се уште имам страв околу тоа,- истакна Кристина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -