Трофејниот фудбалски стратег, еден од најконтроверзните ликови во спортот, Жозе Мурињо пушти солзи пред камери зборувајќи за тоа колку му недостасува работата во која се прослави.
Португалецот не е тренер на ниту еден клуб од 18. декември 2018. година кога доби отказ од Јунајтед по само 7 победи во 17 првенствени натпревари во истата сезона. Јас просто уживав во овој спорт. Кога влегов во професионалниот фудбал се случи тој еден клик. А сега веќе е сериозна ситуацијата, раскажува Мурињо и продолжува во негов стил.
Беше навистина сериозно, тоа беше дел од мојот живот, а сега кога го нема наместо да уживам, јас не можам да уживам. Едноставно е, ми недостасува фудбалот, вели Мурињо пред камерите, на моменти бришајќи ги солзите од очите, а притоа и испуштајќи насмевка на лицето.
José Mourinho tears up while saying he misses football. pic.twitter.com/ZdAAGQkpKA
— Junior Maruwa (@juniormaruwa) August 17, 2019