7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Необичен повик во полициската станица, пчелар пријавил мечка

Маж со иницијали М.Б. (79) од Бања Лука во полиција пријавил една мечка затоа што влегла во заграден двор на неговиот имот во местото Липовац и му нанела штета на кошниците за пчели .

Тој раскажал дека мечката ги скршила и расфрлила низ дворот пет сандаци со пчелични семејства. На местото на случувањето излегле полициски службеници на Полициската станица Челинци, а информиран е и општинскиот инспектор во Челинци.

Но, ова не е единствениот необичен повик во полиција. Во Сиднеј пак полицијата добила пријава, по што полициска патрола реагирала, откако сосед пријавил дека неговиот сосед се заканува и како од неговиот стан се слуша „летање на мебел“.

Човекот кој се јавил во полиција рекол дека станува збор за семејно насилство, бидејќи се слушале „женски врисоци“ и машки закани.

Кога полицајците, околу 2 часот по полноќ, пристигнале на посочената адреса, во станот нашле еден маж кој бил видно потиштен. Тој бил вцрвенет во лицето и задишен кога ја отворил вратата.

– Каде Ви е сопругата, прашал еден од полицајците. Немам, одговори „осомничениот“. Каде ви е девојката, прашал полицаецот. Немам ни девојка, одговорил човекот.

Полицијата потоа му објаснила дека примиле повик и дека тој бил пријавен.

На ова мажот засрамено признал дека „имал пресметка“ со пајак и тоа „многу голем“.

Извинете, јас викав, јас навистина се плашам од пајаци. Го бркав безуспешно по станот со спреј, ијзавил тој.

Полицијата на крајот сепак го пребара станот и не пронашла ништо.

поврзани објави

Последни објави