Џесика Киблер и Џејк Шаток од англискиот град Лимингтон имале по 19 години кога им се родило бебе, но со големи маки. Нивниот син Кејден Џејк се родил десет недели порано од предвидениот термин во болница во Нотингем, имал само 1.100 грама. Дури медицинските сестри од салата излегле со солзи на очите.
-Кога сестрите не внесоа во собата да не запознаат со Кејден за прв пат, изгледаше како парче црвено незготвено месо. Стоевме таму, 19-годишни родители, без никакво искуство со чување дете, а нашето беше толку слабо и страшно болно.
И Џејк и јас плачевме, а дури и сестрите пуштија солзи, затоа што не знаеја како да ни помогнат и што да ни кажат во тој момент,- открива Џесика.
Дури десет денови родителите не смееле да го видат своето новородено дете, а на Кејден дури по шест недели почнала да му расте коса.
Денес има шест месеци и конечно повеќе не живее во болница, туку во својата куќа со родителите. Пред еден месец ја имал последната операција, кога од стомакот му пресадиле дел од кожа на десната рака, а се препотставува дека ќе бидат потребни уште четири операции во текот на идната година.
Во моментот на раѓањето, малиот Кејден имал развиена кожа само на лицето, а од раѓањето се бори со сепса и херпеси. И покрај тоа, малиот борец денес има речиси 5 килограми.