Брачен пар донеле одлука да направат венчавка, која ќе се памети долго, во голем ресторан со многу гости. Барем така им била првичната замисла на Лис Вилсон и Роберт Пантоја.
Но, парот одеднаш ги промениле плановите, повеќе не биле заинтересирани за голема и спектакуларна прослава. Напротив, одлучиле венчавката да ја направат во болница.
Таткото на Лис бил хоспитализиран во болница поради рак. Венчањето и свадба без нејзиниот татко би биле нешто последно што би сакала. Поради тоа, таа одлучила тој битен момент да го направи крај човекот кој и подарил живот, ја научил да вози точак и ја поддржувал во сите одлуки во нејзиниот живот.
Таа размислувала како да најде начин, на свадбата да биде и нејзиниот татко, па изборот бил едноставен – венчање во болница, каде се наоѓа нејзиниот родител.
„Му реков, тато сакам да го имам првиот танц со тебе. Ми рече: Но, јас не можам да танцувам. Само кратко му кажав: И не мораш, ќе танцуваме со рацете“,- се сеќава Лис.
Начинот на кој танцуваат Лис и нејзиниот татко натера многумина да плачат. Оваа ситуација воопшто не е лесна за гледање, а како им било кога ја доживеале, знаат само тие.