13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Тајната е откриена: Постои рецепт за палачинки кои ги прави меки како пена

Подготовката на смеса за палачинки би требало да биде еден од наједноставните потези во кујната, но факт е дека таа на многумина им задава главоболка.

Меки и убави палачинки е тешко да се направат доколку немате убава тава и навистина уникатен рецепт. Ние ви го претставуваме рецептот од кујната на нашата бабичка кој е едноставен, а за кого веруваме дека нема подобар. Состојките се следни: три јајца, 250 грама брашно, малку сол, 1 dcl минерална вода, 2 лажици масло, половина лажичка рум. А сега одиме на подготовката. Најпрвин матете ги јајцата се додека не добиете густа хомогена смеса, додајте масло, па млеко и измешајте.

Вториот чекор е додека мешате да ставите брашно додека не ја потрошите предвидената грамажа, додајте малку сол и малку рум за да смесата добие арома, а најважно од се за да се спречи апсорпцијата на маслото.

Трето. Доколку смесата ви се чини густа, додајте минерална вода за да ја разредите. Палачинките можете да ги послужите со џем од јагоди или со намаз од лешник.

Making Pancakes

Се надеваме дека ќе ви помогнеме со овој наш предлог и дека ќе уживате во прекрасниот рецепт за палачинките.

поврзани објави

Последни објави