Можеби сите ја знаете приказната која Исус им ја раскажал на учениците за горделивиот фарисеј и понизниот митник, но не е лошо да се потсетиме.
Два човека влегоа во храм да се помолат, едниот фарисеј, другиот митник. Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе. „Боже ти благодарам што не сум како другите луѓе, разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од се што придобивам.
А митникот стоеше оддалеку, не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше во гради и велеше: Боже, биди милостив спрема мене грешниот.
Ви велам дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној, зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.“
Денес постојат две заблуди. Првата е дека си многу грешен и дека Бог нема милост веќе за тебе и другата дека си праведен и не ти треба милоста Божја. Оваа приказна ни покажува дека Божја милост е тука за нас доколку ја бараме со искрено и понизно срце и дека таа е свежа секое утро. Бог нема да презре смирено и покајничко срце. Тој чека на нас, побарај го уште денес, тој ќе ти се смилува. Побарај го со искрено покајничко срце. Ќе те води, чува и благослови.
Извор: Семе Синапово