13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Пендаровски до Бугарските политичари и историчари: Не можете за две недели да решите два века

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во изјава за „Гласот на Америка“ вели дека несогласувањта со Бугарија се поголеми бидејќи Бугарија се обидува на крајно асиметричен начин да го реши проблемот.

Договорот со Бугарија прави комсисија на историчари кои треба да ги разгледаат историските настани, личности, случаи кои се споделени меѓу двете држави и двата народи. Вие нема да го решите проблемот ако се согласиме дека Гоце Делчев бил бугарин и се борел за бугарската кауза. Во тој дел гледам дека историската комисија нема прогрес затоа што бугарската страна инсистира на политички, а не на историски пристап. На средбата со Борисов јасно му дадов знаење дека таа комисија не смее да има краен рок. Не можете за две недели да решите два века.

Јас се надевам дека тука ќе преовладее разумот. Ако ме прашувате за ЕУ, не мислам дека Бугарија ќе не блокира за патот кон ЕУ, рече Пендаровски во неговата изјава.

поврзани објави

Последни објави