Полициски сили упаднаа во куќата каде што живее во Козле и ја приведуваат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициско возило, пренесува а1он.мк
Канал5 пренесува дека улицата пред куќата на Јанева е блокирана за сообраќај.
Според информации на А1он, Јанева од пред извесно време е осомничена во случајот „Рекет“ и за неа неофицијално има одредени докази, иако вчера се чинеше дека покрај се таа нема да биде опфатена со случајот. Јанева ја однесоа кај судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе одреди привтор или не.