Порталот А1он будно ги следи настаните околу апсењето на Катица Јанева па на социјалната мрежа Фејсбук тие се вклучија ВО ЖИВО од пред просториите на СЈО каде што моментално се наоѓа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Зошто Јанева е однесена во СЈО од страна на полициските службеници официјално уште не се знае иако порталот МКД.МК информира дека во нејзино присуство полицијата врши претрес на во работните простории. Полицајци вршат претрес и во нејзиниот дом во Гевгелија.
Во 14:00 часот е закажана пресконференција на ОЈО на која што ќе ги информираат граѓаните за случајот, а на пресот веројатно ќе се обрати и јавната обвинителката Вилма Русковска.