fbpx
15.8 C
Skopje

Рускоска ја прашаа каде и дали е вмешан синот на Катица Јанева – еве што одговори таа

АКТУЕЛНО

Обвинителката Вилма Рускоска, потврди дека полицијата е во зградата на СЈО и дека ќе биде одземен службениот компјутер на Јанева, а на прашање дали знае каде се наоѓа синот на Катица таа одговори дека не знае и дека засега нема доволно докази кои укажуваат дека и тој вмешан во било какви криминални дејствија.

На прес конференција денес Јавното обвинителство побара 30- дневен притвор за специјалната јавна обвинителска Катица Јанева. Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Приведена Катица Јанева ,во моментов е во СЈО, каде што се вршат претреси

Ден по сведочењето во Обвинителството, пред неполн час од домот во населбата Козле е приведена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Нема официјална потврда дали е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Попладнево се очекува јавното обвинителство и официјално да ја потврди информацијата на прес-конференцијата најавена за во `14 часот.

Јанева од домот беше одведена во просториите на Специјалното јавно обвинителство, каде неофицијално се вршат претреси во просториите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -