fbpx
24.8 C
Skopje

Катица од „Рекет“ добила мебел во вредност од 5 илјади евра, прашањето е: Каде е исплатената милионска сума?

АКТУЕЛНО

Според досегашната истрага за случајот „Рекет“ специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се стекнала со 298 илјади денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Од ОЈО за јавноста изјавија дека Јанева за себе и за други лица прибавила значителна имотна корист за да му ја олесни состојбата на осомничениот Јордан Камчев во Империја, кого го стави во притвор обвинителката од СЈО Лиле Стефанова.

Еден од осомничените, Боки 13 (н.з.), со влијание врз Јанева врз база на претходно изградено блиско пријателство, влијаел врз неа за таа да преземе недозволени дејствија, За едно лице Орце Камчев (н.з.), да му се олесни притворот, да му се замени со куќен притвор, да предложи во СЈО, спогодба за вина со плаќање на отштета и враќање на пасошот, рече Јовески, поткрепувајќи го ова фактографски со датуми и активности потоа со кои се реализирани сите овие ветени олеснувања, до едно.

Двајцата, за да го убедат осомничениот Камчев дека Јанева има влијание, преку спикерфон од телефонот добиле нејзина потврда пред Камчев дека ветувањата за олеснувањата ќе бидат извршени од неа.

Јанева го добила мебелот од Камчев во време кога се исплаќала и милионот евра кои бил земен од Боки 13 и Зоки Кичеец. Прашањето е: Зошто обвинителката Јанева би ризикувала за некоја плата плус односно мебел и предмети во вредност од 290 илјади денари и каде е односно кој ја зел милионската сума изрекетирана од Орце Камчев?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -