Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите. Да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран. Одговорност мора да има за сите инволвирани без разлика на политичката или било каква друга припадност. Обидите да се попречи правдата, да се насочи истрагата во друга насока нема да успеат.
Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи мора да се спроведат до крај, во интерес на граѓаните и на државата. Нема правда, нема мир, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната пресконференција од седиштето на СДСМ.
Во меѓувреме специјалната јавна обвинителка е вратена во нејзиниот дом, каде што повторно има голем број на полициски сили. Камерите на телевизиите се вклучени и се во исчекување на нови информации од терен.