Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.
Утринава во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева, пишува Вечер.
-Ова нема да влијае на нашето барање за притвор на Јанева, а што ќе одлучи судот ќе знаеме подоцна, велат од ОЈО за весникот „Вечер“.
Катица Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.
ОЈО на прес конференција соопшти дека доставило предлог за нејзин притвор.
Извор: Вечер