fbpx
11.8 C
Skopje

Симјановска го заврши патешествието на СП во Сент Мориц

АКТУЕЛНО

Нашата претставничка Лидија Симјановска, не успеа да обезбеди пласман во финалната трка во велеслалом на СП во Сент Мориц, завршувајќи ги квалификациите на 46. место, со време од 2:24,92 минути.

Симјановска во првата трка имаше време од 1:12.60 минути, што резултираше со 48 позиција. Далеку подоброто скијање во втората трка беше недоволно за да се направи сензација, па само ја искачи за две места нагоре.

На ова Светско првенство ќе не претставуваат уште шест наши скијачи, а најголеми се очекувањата од олимпиецот Антонио Ристевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -