fbpx
6.8 C
Skopje

Како Груевски ја оценува Катица Јанева (Видео)

АКТУЕЛНО

Би сакал да го изразам задоволството од изборот на специјален јавен обвинител. Личноста која е избрана е висок професионалец, кој има меѓународни обуки во Америка, Италија и други држави. Според нејзиното CV укажува дека станува збор за личност која е образована, стабилна и која ќе може да се носи со оваа работа.

Она што исто така сакам да го нагласам дека оваа личност ќе ја има целосната поддршка од наша страна затоа што сакаме на транспарентен начин да ја си извршува својата работа која е предвидена со новиот закон.

Со овие зборови екс премиерот Никола Груевски ја оценуваше обвинителката Катица Јанева во 2015 година кога таа дојде на чело на тогаш новоформираното обвинителство, СЈО.

Откако почна секојдневно да оди на суд за различни процеси, Груевски почна да се жали дека СЈО е забегано. На пример, на 13 март 2018 година Груевски вели дека е апсурдна работата на СЈО и судството и е очигледно дека некој има политичка агенда која мора да се исполни. Слушнете ја оваа изјава на Груевски во продолжение:

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -