11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Не молчи – на фејсбук со најнов статус се огласи и оперскиот пејач Игор Дурловски

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски објави на Фејсбук краток коментар по повод последните случувања во државата.

Се распаѓа обвинителството што ни ја распадна државата, објави Дурловски на Фејсбук.

Дали Дурловски смета дека со приведувањето на Јанева се распаѓа цело СЈО и дали е во право за тоа што го напишал во својот статус, останува да видиме во периодот кој што претстои.

Во меѓувреме се огласи и адвокатот на Јанева кој рече дека таа е жртва на „Рекет“.

-Вчера во обвинителството за гонење на организиран криминал Јанева беше во својство на сведок и одговори на сите прашања. Таа коректно ја исполни својата граѓанска должност како сведок. Вчера не слушнав прашање за некакви 5.000 евра. Сѐ што бараше обвинителката, Јанева одговори. Сите прашања беа за случајот „Рекет“, рече Павлески и додаде дека не очекувал ваква одлука од обвинителството за нејзино приведување.

-Гледаме една крвожедност на сцена. Младите адвокати сакаат да се истакнат. Имаме докази и доказите беа презентирани. Јанева имаше либерален пристап во однос на притворите и одземањето на патните исправи. Таа е жртва на овој случај и тоа ќе го докаже, изјави Павлески за МКД.МК.

Целиот текст прочитајте го на МКД.МК ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави