4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ЈП „Струмица гас“ извршува политички нарачки на Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение до јавноста во кое го обвини Јавното Претпријатие „Струмица Гас“, дека не работи во полза на граѓаните туку ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев.

„Јасна и очекувана е паниката во СДСМ. Kриминалите на Зоран Заев се повеќе се разоткриваат.

Реакциите и на Јавното Претпријатие „Струмица гас“ и на првиот човек на комисијата за енергетика на СДСМ јасно покажаа како функционира тендерската шема на аболицираниот Зоран Заев и како парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиските пајташи на Зоран Заев.

Јасно е дека ЈП „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните, туку ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев.

Сега предметот е во рацете на Јавното обвинителство. Јавното обвинителство не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Треба да ги разгледа доставените докази и согласно закон да донесе одлука. Криење веќе нема. Секој што сторил криминал треба да се плаши затоа што ќе одговара пред законот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави