fbpx
2.8 C
Skopje

Путин одликува руски пилоти за херои: Принудно слетаа на нива и спасија 223 животи

АКТУЕЛНО

Рускиот претседател Владимир Путин го додели орденот т.е титулата „Херој на Русија“ на двајцата пилоти на компанијата „Урал Ерлајнс“, кои принудно слетаа во поле во предградие на Москва, спасувајќи ги 223 луѓе.

Јусупов веднаш по полетувањето успеал да принудно спушти авион со 223 патници на нива откако птици влегле во моторот на авионот.

Авионот со 234 патници и членови на екипажот полета од Москва кон Симферопољ, на Крим.

Луѓето од Русија ги окарактеризираа пилотите како херои. Јусупов рекол дека брзото слетување било негова единствена опција и дека воопшто не се двоумел кога се одлучил на тој потег.

Јусупов (41) од Сибир не е типичен пилот. Тој своевремено бил одбиен од пилотската школа, завршил право и дури потоа се преквалификувал.

Мурзин (23) добил лиценца за пилот пред само две години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -