fbpx
6.8 C
Skopje

Бугарските медиумите откриваат каде е Орце Камчев и што прави – дали ова е во ред?

АКТУЕЛНО

Во Македонија крајно актуелна е аферата „Рекет“, во која веќе има тројца осомничени. По повеќе од еден месец во притвор се Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец. Пред само два дена, притвор беше побаран и за специјалната јавна обвинителка и шефица на СЈО, Катица Јанева.

Сепак, сите се прашуваат. Каде е Орце Камчев и што прави. Орце Камчев е режисерот на случајот „Рекет“, односно тој ги „мести“ осомничените – снимајќи ги како им дава пари, со цел да добие поблаги казни од СЈО.

И ако во притвор се тројцата осомничени, се поставува уште едно прашање – дали човекот кој вршеше поткуп, но и личноста која е осомничена во повеќе други дела, треба да биде на слобода.

Бугарскиот портал „Афера“ открива дека бугарските служби го следат Камчев и знаат каде е, но официјалниот одговор од ДАНС (Државна агенција „Национална сигурност“ бил: „Немаме коментар“.

Сепак, порталот во продолжение открива каде е Орце Камчев. Тие велат дека тој се наоѓа на пристаниште во Варна, каде во одлична состојба одмара на една јахта. Дополнително упатуваат дека би било добро бугарските служби да откријат дали таа е во сопственост на Орце Камчев или пак на неговата компанија Орка Холдинг.

„Афера“ оди и до тој степен што пишува: „Поубаво би било поморската управа да ја провери јахтата, односно нејзината сопственост и регуларност. Затоа што бугарските специјални служби повторно се прават дека се за, лимонада…“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -