5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Македончето е експерт за се, ама буквално: Затоа сме таму каде што сме – на дното

„Македонија е убава земја, во која живее прекрасен народ“. Вака би одела некоја најава во прикажување на нашата држава, но потоа се поставува едно прашање – дали навистина е така? Одговорот е многу лесен, ама ќе ве оставиме да го одговорите сами.

Во државата ништо не е сигурно, буквално ништо, освен едно – МАКЕДОНЕЦОТ е експерт за се, нема што не знаеме, во секоја сфера сме прваци и имаме мозок повеќе од Русија, САД и Кина заедно.

Деновиве актуелна е темата „Рекет“ со Катица Јанева. На социјалните мрежи може да се прочитаат еден куп коментари, анализи, која од која посочна, нормално со пцовки и клевети, што друго може да коментираме ние? Ретко каде може да се прочита навистина некоја добра содржина во коментар.

Да не зборуваме за дневно политичките препукувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, експертите во коментари ги „откриваат“ сите завери против едните и другите, па доаѓа до муабети дека Доналд Трамп и Владимир Путин секојпат кога се сретнат или зборуваат на телефон – имаат преговори „чија“ ќе биде Македонија, дали во некоја месна организација претседател ќе биде Трајко или Петко.

И дури на тоа се навикнавме, Македончето – експерт продолжува понатаму. Денес сме сведоци како девојка со автомобил пропаднала во (дупка) отворена шахта, својата мака, но и прашање поставува на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“: Градоначалнику на општина Кисела Вода ќе ми ја платите штетата?? Одете барем покријте ги шахтите на ул Борис Трајковски неспособни канцелариски глувци“.

Објавата не е културна, има вреѓање, веројатно пишувано во нервоза, по целата случка. Но, кога ќе ги видите коментарите, е тогаш веќе сфаќате дека Македонецот може да биде солидарен за пожарите за Нотр Дам, во Сибир и Амазонија, но никако не може да биде сложно околу себе и работите кои го опкружуваат, воедно се и негово секојдневие.

Кон самиот крај доаѓа и еден поинаков коментар: Читам коментари и не ми се верува, со каков народ го делам воздухот во МК. Утре ќе падне дете во таа шахта и после кој ќе е муабетот, каде гледало детето. Прост народ, не е државата за нигде, народот е за…

На крајот што ни преостанува, освен гласно да викнеме: Да живее ЕКСПЕРТСКА Македонија, државата во која сите се ЕКСПЕРТИ за се!

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -