Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ одлично ја почна сезоната, откако славеше на Австралијан опен, по рекорден седми пат, а со неговиот најнов потег повторно го воодушеви цел свет.
Ѓоковиќ кажа дека парите не му се проблем, па реши да отвори ресторан за бездомници во Србија.
„Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија“, вели Србинот.
Србинот кога има слободно време го троши во кујната, зашто голема страст му е готвењето.
Како момчето од бомбардираниот Белград го освои светот – Емотивно интервју на Новак Ѓоковиќ за Си-ен-ен: „Децата плачеа, не престанував да треперам до утрото“
Новак Ѓоковиќ имал 11 години и спиел во кревет кога го разбудила експлозија, проследена со сирена и парчиња искршени стакла.
Тоа било 24-ти март 1999-та година кога почнало бомбардирањето на Белград од страна на НАТО и траело 78 денови, пишува американскиот Си-ен-ен, истакнувајќи дека Новак, додека неговиот татко Срѓан ѝ помагал на неговата мајка Дијана која ја изгубила свеста бидејќи со главата се удрила од радијаторот, ги барал своите браќа кои тогаш имале осум и четири години.
„На 11 години јас бев голем брат. Бев задолжен за нивната безбедност од почетокот на бомбардирањето. Се сметав за одговорен за нивната безбедност кога силите на НАТО почнаа со бомбардирањето“ – напишал Ѓоковиќ во автобиографијата.
Две децении подоцна, 32-годишниот Ѓоковиќ е фаворит за новото освојување на УС опен кое почнува на 26-ти август во Њујорк. Како што наведуваат од Си-ен-ен, Ѓоковиќ освоил четири од последните пет гренд слем турнири и сега има 16 трофеи, само два помалку од Надал и четири од Федерер.
„Момче како јас, да расте во Србија и да стане светски шампион? Тоа е малку веројатно. А уште кога ќе почнат да паѓаат бомби тогаш тоа е неверојатно“ – напишал Ѓоковиќ. Во првото поглавје на книгата Ѓоковиќ се присетува на ноќта за која вели дека му го променила животот засекогаш.
Откако на Дијана Ѓоковиќ ѝ се вратила свеста, семејството тргнало кон зградата во близина во која живеела тетката на Новак, а која имала засолниште. Додека неговите родители трчале по улицата со браќата, Ѓоковиќ паднал на улица. „Тогаш се случи. И ден денес гласните звукови ме исполнуваат со страв“ – пишува Ѓоковиќ.