Лесли Максвел има 63 години, а доказ дека годините не значат ништо ако сакаш да се чувствуваш и да изгледаш неверојатно, многу подобро од многу помлади од тебе.
Лесли стана миленичка на интернет затоа што има 63 години и тело како змеј. Австралијанката го открива рецептот за младоликост. Пет пати неделно посетува теретана, а како што вели и самата, редовни тренинзи и помагаат да ги победи годините.
-Јас сакам фитнес и здрав начин на живот. Бев решена да најдам формула што ќе го направи моето тело да изгледа помладо и тоа да трае што е можно подолго,- објави Лесли.
На 48-годишна возраст, Лесли ја започнува својата професионална кариера во фитнес, а на 49 години ја освојува и првата награда на фитнес натпревар.
Без оглед што има 63 години, нејзината рутина за вежбање од тогаш не е променета. Лесли има три вуници и истакнува дека многу сака да биде опкружена со помлади мажи.
-Отсекогаш ми се приближувале помлади мажи, јас се чувствувам помладо, па врските со нив секогаш добро функционираат. Сите мои партнери биле помлади од мене, вклучувајќи го и мојот поранешен сопруг од кој бев постара 13 години,- вели Лесли.
Австралијанката вели дека денес е многу посреќна и посигурна во себе отколку кога била млада. Има многу пријатели и обожаватели во теретана. Лесли е навистина супер баба.