fbpx
15.8 C
Skopje

После 20 години брак, сопругата ми кажа дека не ме сака

АКТУЕЛНО

Тврди дека има разбирање за се низ што поминува неговата сопруга, но се чувствува депресивно и откако му кажала дека не е заљубена во него, размислува дали да ја напушти.

-Мојата сопруга ми кажа дека нејзините чувства кон мене се промениле. И тоа како боли кога некој ќе ви го каже тоа после 20 години брак, сведочи познатата терапевтка Дидре, на која ова и било раскажано од 53-годишен маж.

Открил како неговата сопруга минувала низ тежок период во својот живот, откако и бил дијагностициран рак на кожата, и починале родителите и била во менопауза.

Сите лоши работи се поврзале една по друга, а како што сведочи мажот, тој и една година помладата сопруга долг период веќе не се интимни, а исчезнале и физичките допири.

Тврди дека има разбирање за се низ што минува неговата сопруга, но и тој се чувствува депримирано откако му рекла дека повеќе не е заљубена во него, поради што размислува и да ја напушти.

Дидре го советувала со своето искуство, порачувајќи му дека многу парови кои долг период се заедно го губат њухот, но можно е повторно да се пронајде искра која ќе ги врати старите моменти. Како и секогаш, клуч за успехот и решавање на проблемите е во разговорот еден со друг, за почеток..

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -