fbpx
15.8 C
Skopje

Во Британија ако се објави ваков документ, обвинетите се ослободени – а новинарот оди зад решетки

АКТУЕЛНО

На една од објавите на Фејсбук на новинарот Бранко Героски, каде пишува дека „Њутнов закон во политиката: На политичар што тужи новинари му се ближи крајот. Другарчиња, ајмо сите ручна!“, има и еден интересен коментар.

Поранешниот новинар Зоран Стевановски му објаснува како на пример во Британија, би се третирало објавувањето на еден ваков документ, додека една истрага е во тек, мислејќи за документот од ЈО каде сведочи Орце Камчев.

-На времето, кога студирав на правен и кога работев како новинар, најмногу што можеше да се објави до покренување на обвинение, беа иницијалите на осомничениот. Се заради тајноста на постапката и презумцијата на невиност. Можеби работите сега се сменети. Во Британија на пример, во ваков случај, прекинува секаква натамошна постапка против сите осомничени или обвинети, а оној кој открил детали од истрагата пред покренување на обвинението, завршува во затвор.

Друга работа – Александар не го познавам, ама сите добро го познаваме Инфомакс. Мислам дека и ти ги групираше во “куртон” медиумите. За мене лично тоа не е медиум, туку пропаганда алатка против се што е останато прогресивно во македонското општество. Дозволувам дека и слепа кокошка може да клукне просо, ама сепак се што Инфомакс ќе објави, го земам со длабок сомнеж, – пишува Стевановски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -