Британската Кралица Елизабета II се пожалила, дека хеликоптерите на американскиот претседател Доналд Трамп ја уништиле тревата пред Бакингемската палата.
Поплаката ја примил австралискиот премиер Скот Морисон, а кралицата на шега му рекла: Само погледнете го мојот тревник, уништен е. Во месец јуни првиот човек на САД ја посети Велика Британија, а неговите хеликоптери успеале да остават трага на прекрасниот тревник пред Бакингемската палата.
Неговата посета беше проследена со протести на Островот, пренесуваат тамошните медиуми.