Триото Бујар Османи, Никола Димитров и Зоран Заев немаат капацитет да го изодат европскиот пат на Република Македонија. Тој пат, покрај добро познавање на темата на европеизација на Македонија, бара и храброст и одлучност.
Никола Димитров уште во минатото е познат како опортунист кои нажалост беше наградуван со незаслужени амбасадорски места. Тој наместо да ги зајакнува билатералните односи, ги користеше тие места за зајакнување на неговите приватните врски. Опортунистот се јави повторно во вид на некоја си „холандкса тројка” за време на шарената револуција и газејќи ги зборовите на неговиот татко, учествуваше во договор
кој е пораз за целовкупната македонска дипломатија. Добар дипломат со ваков капитулантски договор бар ќе го зачуваше уставното име за домашна употреба. Тој ни тоа не го стори. Неговиот опортунизам беше кобен за Македонците, но не и за неговата „стипендичарка”. Името на Бујар Османи циркулираше во случаите на СЈО. Одговарајќи на прашањето има ли некој фунционер, односно предмет со кој што ќе се занимава СЈО за функционери од ДУИ, Зоран Заев во декември 2015 година, во интервју за ТВ „Шења“, кое патем го водеше сега неговиот сопартиец Мухамед Зекири, Заев одговара потврдно.
-Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, изјави тогаш Заев. Доказ за неспособноста на Бујар Османи е и неспроведувањето во целост на планот 3-6-9. Како што дознаваме од неофицијални но сепак релевантни информации од високо професионална политичка личност од ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи прави се за да го закочи процесот на европеизација на Македонија, ставајќи не во пакет со Албанија која е во голема политичка криза.
Зоран Заев пак, има одлучност. Но, како и Којотот на сликата секогаш завршува со глава во ѕид. Неговата „одлучност” е секогаш на штета на Македонците. Дали се работи тоа за капитулацијата на правната држава, економскиот стандард, здравството или реформите во билокој сектор, епилогот е секогаш ист.
Наместо Европска, станавме Република Дизниленд.
Секој понеделник, се поблизу до датум за старт на преговорите – вели Стефан Василевски, управител на политичката организација Конзерватив МК на својот твитер профил.