На социјалната мрежа Фејсбук се појави снимка од пожарот во Велес снимена од бродот.
Од МВР за Курир потврдуваат дека се приведени четири лица, кои се сомничат за подметнување на пожарот кој попладнево се случи во близина на велешкото езеро.
Неофицијално дознаваме дека четворицата осомничени пожарот го подметнале така што работеле со алат кој предизвикал искри и запалил дел од тревата.
Осомничените пробале да го изгаснат пожарот, но поради ветерот пожарот се проширил и настанал вистински хаос.
Posted by Goran Boshkovski on Monday, August 26, 2019