fbpx
11.8 C
Skopje

ВИДЕО: Пензионери се влечеа за да влезат во возот – бесплатно вино и ракија ја вжештија ситуацијата на железничката станица во Скопје!

АКТУЕЛНО

Толпа на народ се собра утрово на железничката станица во Скопје, чекајќи во ред да влезат во бесплатниот воз за Демир Капија. Негодување, турканици и тегнење е само дел од тензичната ситуација која утрово ја имаше на железничката станица во Скопје, пренесува Телеграф.мк

Поголемиот број од луѓето беа пензионери, кои сакајќи што побргу да влезат во возот се влечеа едни со други, предизвикувајќи нервоза и турканица пред самиот влез во вагоните.

Нервозаата меѓу насобраните се зголемила откако луѓето разбрале дека прво треба да си обезбедат бесплатен билет за да влезат во возот. Откако ситуацијата не стивна, на железничката станица се појавија и припадници на Единицата за брзи реакции, кои со нивното присуство, придонесоа многумина да се откажат од намерата да влезат во возот и да патуваат кон Демир Капија.

Поводот за ваквите турканици е бесплатната храна, вино и ракија, но и настапот на популарните Евто Пупиновски, Јордан Митев, Виолета Томовска, Блага Петреска кои со песна и музика ќе се обидат да допринесат за една пријатна атмосфера, од која најзадоволни ќе бидат токму присутните гости на манифестацијата во Демир Капија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -